Барселона повторно продаваше акции за да може да ги регистрира новите фудбалери

фото: PA-EFE/Alejandro Garcia

Управата на Барселона ја продолжува трката со времето и финансиите за да успее да ги регистрира новите засилувања што ги донесе летово и денеска заработи 100 милиони евра од продажба на акции.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта објави дека се продадени 24 отсто од акциите на „Барса Студиос“ за околу 100 милиони евра на компанијата Орфеус Медиа.

Заработените пари би требало да им овозможат на каталонците да успеат да ги регистрираат играчите што беа донесени летово за да можат да настап на утрешниот натпревар од првото коло во Ла Лига против Рајо Ваљекано.

Тренерот Чави Ернандез моментно на располагање има само 17 фудбалери со право на настап против Рајо Ваљекано, а со финансиската инјекција од 100 милиони долари, би требало да може да ги регистрира и Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде за кои плати 150 милиони евра отштета како и Френк Кеси и Андреас Кристенсен кои дојдоа како слободни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот