Барселона поради Бартомеу не го донесе Халанд пред три години, го избркал директорот кој договарал трансфер

Ерлинг Халанд има нов спонзор/Фото: EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Ариедо Браида е најпознат како спортски директор, а претходно беше и генерален менаџер на Милан и заедно со Адријано Галијани се најзаслужни за успесите на Милан.
Браида во Милан работеше од 1986 па се 2013 година и во тоа време на „Сан Сиро“ донесе голем број на фудбалски ѕезди.

Тој во 2015 година доаѓа во Барселона како меѓународен спортски советник и беше дел од одборот кој одлучуваше за трансферите. Меѓутоа во 2019 годона доби отказ без никакво објаснување откако претходно му беше забрането да учествува во трансферите.

Оттогаш трае неговиот спорт со Барселона и претседателот Хосеп Марија Бартомеу, а случјот заврши на суд бидејќи Браида смета дека заслужува компензација оти има уште две години од договорот.

– Немав работа со Бартомеу, на почетокот малку разговаравме, но подоцна немавме никакви контакти. Тоа ми беше ново бидејќи во Милан беше нормално да зборувате со претпоставените. Мислам дека да се зборува еднаш годишно не значи дека имате добар однос. На почетокот ме ценеа, а подоцне не ме почитуваа. Така ги гледам работите – вели Браида за „Марка“.

Тој открива дека имал план на „Камп Ноу“ да ги донесе најталентираните фудбалери, како Ерлинг Халанд, но поради отказот на Браида трансферот не се реализирал.

– Следев играчи и запишав неколку имиња кои сметав дека треба да го носат дресот на Барселона. Го следев Халанд уште додека играше за Розенборг, потоа Барела кој сега игра за Интер како и Заниоло кој е дел од Рома. Но не можеш ништо да направиш ако не ви дозволуваат и тоа се случи со мене – додава Браида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот