Барселона и Интер пред договор, Меси добива идеален партнер во нападот

twitter/AfricaZilla

Двата клуба се наоѓаат во завршни преговори, а од трансферот ќе профитираат и двете екипи.

Управата на Барселона одлучи нов напаѓач од следната сезона да биде фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Двете екипи веќе интензивно преговараат, последната понуда на Барселона и 90 милиони евра и Артуро Видал во замена за одличниот Аргентинец. Откупната клаузула на Мартинез изнесува 111 милиони евра, но Барселона со вметнување на фудбалери во понудата се обидува да ја намали цената.

Претходно се шпекулираше дека каталонскиот клуб понудил 70 милиони евра и уште двајца играчи, Видал и Нелсон Семедо, но тренерот на Интер, Антонио Конте, го сака само чилеанскиот репрезентативец и сумата од 90 милиони евра е прифатлива.

Со реализацијата на трансферот и двете екипи би го добиле тоа што го сакаат, Барселона конечно ќе го реши проблемот во нападот и Лионел Меси ќе добие идеален партнер во нападот, додека Интер ќе добие средства за тренерот Конте да донесе играчи по свој вкус.

Конте планира парите од Барселона да ги инвестира во нов напаѓач, Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, за кого е подготвен да плати 70 милиони евра. Тој смета дека со Лукаку и Обамејанг во тимот ќе го има најдоброто напаѓачко дуо во Европа, а парите за засилувања во останатите линии се очекува да ги обезбеди со продажбата на Мауро Икарди кој моментно настапува во ПСЖ како позајмен фудбалер.

Згора на тоа се очекува во Интер да пристигнат уште двајца играчи од Премиер лигата и тоа без пари. Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген ќе биде слободен играч на лето и Конте е подготвен да достави понуда која е тешко да се одбие.

Нов член на Интер наредната сезона се очекува да биде и Тахит Чонг кој ја одби понудата на Манчестер јунајтед да потпише нов договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот