Барса се договори со Палмеираш, откупна клаузула од 300 милиони евра (ФОТО)

фото: твитер

21-годишниот играч од средниот ред доаѓа во Барселона за седум милиони евра плус три како бонуси со договор на пет години.

Каталонскиот клуб го потврди свето ново засилување кое на „Камп Ноу“ официјално ќе дојде во јули 2020 година.

Барселона на последниот ден од зимскиот преоден рок постигна договор со екипата на Палмеираш за трансфер на Матеус Фернандеш.

21-годишниот играч од средниот ред доаѓа во Барселона за седум милиони евра плус три како бонуси со договор на пет години.

– Барселона и Палмеираш постигнаа договор за трансферот на фудбалерот Матеус Фернандеш Сиквера и тој ќе му се придружи на клубот (од „Камп Ноу“) на 1 јули 2020. Неговиот договор ќе трае до 2024/25 со откупна клаузула од 300 милиони евра.

Претходно беше обезбеден уште еден играч кој исто така ќе дојде во Барселона на 1 јули. Франсиско Тринако доаѓа од Брага за сума од 31 милион евра и договор на пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот