Фото: EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Барса планира зимски и летни трансфери, но финансиите остануваат главен проблем

„Мундо депортиво“ денес повторно пишува за фудбалерите што ги сака Барселона, но и дека сите тие сакаат да играат само на „Камп Ноу“. Тоа се Душан Влаховиќ, Нико Шлотербек и Жоао Кансело.

За Влаховиќ, познато е дека станува слободен агент и дека затоа е интересен за каталонскиот гигант, бидејќи е сигурно дека Роберт Левандовски ќе си замине од клубот следното лето. Влаховиќ повеќе ја претпочита Барса, пред Баерн Минхен и Милан, и верува дека би можел да се натпреварува со Феран Торес за минутажа.

Шлотербек е голема желба на тренерот на Барселона, Ханси Флик, тој има и понуди од бројни клубови, бидејќи влегува во последната година од договорот на лето, а неговата желба е да оди во Барселона. Германецот е свесен дека би можел да се наметне како прва опција на позицијата лев бек, каде што моментно игра Жерар Мартин. Андреас Кристенсен претрпе уште една сериозна повреда, Роналд Араухо е надвор од теренот еден и пол месец поради психички проблеми, па засилувањата во одбраната се приоритет за Барселона.

Кансело, кој доби понуда од Интер, одговори дека ќе ја чека Барселона, што е негов приоритет. Кансело се појавува како решение во ротацијата и потенцијално би можел да влијае Жил Кунде да биде преместен во срцето на одбраната.

Кансело е достапен за малку пари, со оглед на тоа што Симоне Инзаги не смета на него во Ал Хилал и дека е на трансфер листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот