Барса ја активира клаузулата на напаѓачот на Леганес!? (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Данскиот интернационалец Брајтвајт има шест реализирани голови и една асистенција една асистенција за својот клуб во 24 натпревари во „Ла Лига“ оваа сезона.

Барселона оваа недела ќе ја активира клаузулата од 20 милиони евра за напаѓачот на Леганес, Мартин Брајтвајт, известуваат шпанските медиуми.

Данскиот интернационалец има шест реализирани голови и една асистенција една асистенција за својот клуб во 24 натпревари во „Ла Лига“ оваа сезона.

фото: mundodeportivo

Во понеделникот беше објавено дека од „Ла Лига“ добија каталонците дозвола да потпише договор со играч од друг шпански клуб овој месец после повредата на Усман Дембеле кој ќе паузира подолго време.

„Диарио Спорт“ го носи насловот „ОК за Брајтвајт“ – Барселона го обезбеди потпишувањето на напаѓачот, додека „Мундо Депортиво“ има најава: „Брајтвајт – Откриен“.

Моментно тренерот Сетиен ги има на располагање Лионел Меси, Антоан Гризман и младиот Ансу Фати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот