„Ла Лига“: Барселона има 15 дена да ангажира напаѓач

фото: твитер

Се шпекулира дека новото засилување на „Камп Ноу“ како замена за Усман Дембеле би можело да дојде од редовите на Леганес.

Шпанската фудбалска федерација им дозволи на првите луѓе на Барселона во наредните две недели да ангажираат напаѓач, поради проблемите кои ги имаат со повредени играчи.

На каталонскиот гигант итно му е потребен фудбалер во офанзивниот дел после повредата на Усман Дембеле и од претходно Луис Суарез.

На „Камп Ноу“ може да дојде или слободен играч или од клуб од „Ла Лига“. Се шпекулира дека новото засилување би можело да дојде од редовите на Леганес.

Станува збор за данскиот интернационалец Мартин Брејтвајт, кој оваа сезона во 27 мечеви во сите натпреварувања постигна осум голови и запиша една асистенција.

Моментно тренерот на Барса, Ернесто Валверде, ги има на располагање само Лионел Меси, Антоан Гризман и младиот Ансу Фати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот