Барди и Леванте ги симнаа „кралевите“ од тронот (ВИДЕО)

Екипата на Леванте за која настапува и македонскиот репрезентативец, Енис Барди приредија огромно изненадување во рамките на 25. коло од Ла Лига победувајќи го лидерот Реал Мадрид.

Поразот за „кралевите“ значеше и загуба на првото место на табелата, сега лидер е Барселона која претходно блгодарение на Меси со 5:0 го совлада Еибар.

Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар за Леванте кој до трите бода дојде во 79. минута благодарение на голот на Хозе Моралес.
Со оваа победа, Леванте се искачи на 10. место на табелата со 32. бода, додека Реал Мадрид остана на 53 бода, два помалку од новиот лидер Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот