Балканот се трка во вооружување: Србија нарачала воена техника вредна 1,3 милијарди долари

ФОТО: Српски воени хелихоптери од западно производство \ EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Србија минатата година склучила договор за набавка на оружје и воена опрема во вредност од една милијарда и 318 милиони долари, што претставува сума поголема од вкупната вредност на сите набавки од крајот на 2016 година, кога почна процесот на модернизација на Војската на Србија.

Ова меѓудругото го пишува порталот Балканска безбедносна мрежа, каде наведува дека висината на договорените набавки е посочена во извештајот за работењето на јавното претпријатие Југоимпорт-СДПР за минатата година. Според реномираниот портал кој се бави со воени анализи, наведено е дека минатата година биле потпишани 287 поединечни договори со 31 земја за набавка на воена техника.

„Податоците не се прецизирани кога се работи за делот од висината на тие договори наменети за вооружените сили, но се релевантни за проценката бидејќи Југоимпорт-СДПР е задолжена за сите набавки на стратешки важни средства за воени цели, а тој список го вклучува практично целото оружје и воената опрема“, се наведува во текстот.

Порталот додава дека дел од договорите се склучени за домашно производство во фабриката Борбени сложени системи, и други кои се во 100 отсто сопственост на Југоимпор-СДПР.

ФОТО : Српски тенк T-72B3 EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

„Драматичното зголемување на набавката на оружје подразбира нови големи договори. Важен партнер беше Русија, од која четири борбени хеликоптери Ми-35М, три транспортери Ми-17В-5, две батерии на системот за противвоздушна одбрана Панцир-С1М, системи за противелектронски акции и борба против беспилотни летала…“.

Во текстот се потсетува дека практиката во големи зделки е дел од парите да се даваат како аванс, но не е јавна информација колку е платено на Русија за оружје кое сега не може да се добие поради меѓународните санкции и блокадата на руската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот