Бајден стави потпис на буџетот за фискалната 2023 година

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Yuichi Yamazaki

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша буџетот за фискалната 2023 година, објави Белата куќа. Бајден го потпиша законот, што беше усвоен од Конгресот минатата недела.

Сумата е 1,7 трилиони долари со која ќе се финансирање на федералните институции до октомври 2023 година, ќе се зголеми буџетот на Министерството за одбрана и ќе обезбеди дополнителна помош за Украина.

„Законот ќе ги поддржи истражувањата во областа на медицината, безбедноста, здравствената заштита на воените ветерани или програмите за борба против насилството врз жените. Исто така, ќе и ја обезбеди потребната помош на Украина”, напиша Бајден на Твитер.

Конгресот под контрола на демократите го усвои законот пред Божиќ со 225 гласа „за” и 201 „против”.

Во Сенатот, истиот закон беше усвоен со резултат 68:29, со поголема поддршка од демократските сенатори.

Бајден рече дека усвојувањето на законот е доказ дека републиканците и демократите можат да работат заедно.

Законот му обезбедува на Министерството за одбрана рекордни 858 милијарди долари, што е за околу 10 отсто повеќе од лани.

Речиси 45 милијарди долари се наменети за воена, економска и хуманитарна помош за Украина.

Околу 800 милијарди долари ќе бидат наменети за голем број невоени програми, како помош на жртвите од природни катастрофи или за големи инфраструктурни проекти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот