Бајден: Соодветно ќе одговориме, доколку Северна Кореја ги зголеми тензиите

Фото: EPA-EFE/OLIVER CONTRERAS / POOL

Соодветно ќе одговориме, доколку Северна Кореја ги зголеми тензиите со ракетните тестирања, изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата прва официјална прес-конференција по стапувањето на функцијата.

Тој истакна дека Вашингтон се консултира со своите партнери и сојузници и ќе реагира доколку Пјонгјанг одлучи да ги зголеми тензиите.

Бајден нагласи дека е „подготвен за некаква форма на дипломатија” со Северна Кореја, но „тоа мора да биде условено со денуклеаризација како краен резултат”.

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети, што се смета како провокација за новата администрација на Бајден.

Согласно резолуциите на Советот за безбедност на ОН му се забранува на Пјонгјанг развој на какви било балистички ракети, поради што се воведени голем број меѓународни санкции за неговите оружени програми.

Бајден рече дека Северна Кореја ги прекршила резолуциите на ОН, тестирајќи ги „тие специфични ракети”.

Новиот претседател на САД одговори потврдно на прашањето дали Северна Кореја е најважното надворешно-политичко прашање кое тој го набљудува.

На прес-конференцијата Бајден се осврна и на новата цел на неговата администрација, а тоа е употребата на 200 милиони вакцини против ковид-19 во текот на првите 100 дена од преземањето на функцијата.

– Знам дека е амбициозно, двојно повеќе од првичната цел, но ниту една земја во светот не е приближно, нагласи американскиот претседател пред новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот