Бајден повторно го повика Конгресот да го забрани јуришното оружје

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден го повтори повикот до Конгресот за забрана на полуавтоматските пушки, како онаа употребена во пукањето викендов, при што беа убиени осум лица во Тексас.

„Уште еднаш барам од Конгресот да ми испрати закон за забрана на јуришно оружје“, рече Бајден во писмената изјава.

Како што јави Радио Слободна Европа, тој го осуди вооружениот напад во американската држава Тексас како бесмислен чин на насилство, во кој вооружен маж уби осум лица во трговски центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот