Бајден им нареди на сите вработени во владата да се вакцинираат, станува збор за над милион лица

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Бајден им нареди на сите вработени во владата да се вакцинираат, станува збор за милион лица

Американскиот претседател Џо Бајден воведува построги правила за вработените во јавните владини институции и презема чекори за да ги натера приватните компании да го сторат истото.

Една од мерките што Бајден ќе ги преземе е потпишување извршен декрет со кој ќе се бара вакцинација на сите државни службеници.

Вработените нема да можат да се извлечат со редовно тестирање, пренесува Си -Ен -Ен.

Претседателот, исто така, ќе потпише извршен декрет за институции кои соработуваат со федералната влада – Министерството за одбрана, Одделот за ветерани, индиската здравствена служба и Националниот институт за здравство, итн.

Белата куќа проценува дека оваа одредба опфаќа 2,5 милиони луѓе.

Бајден, исто така, планира да објави големо проширување на бесплатното тестирање, мерка што здравствените власти ја рекоа дека е од клучно значење во борба против вирусот, особено кога децата се враќаат на училиште, а некои работници се враќаат во канцеларии.

Исто така, ќе открие повеќе за ревакцинација, но нема да открие кога дополнителни дози ќе бидат достапни за американските граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот