Бајден и Макрон во следните денови телефонски ќе разговораат за подморничката криза

Џо Бајден Емануел Макрон
Фото: EPA-EFE/PHIL NOBLE / POOL

Портпаролот на француската Влада, Габриел Атал, изјави американскиот претседател Џо Бајден побарал да има телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон, откако Франција го отповика својот амбасадор во САД заради „торпедирањето” од страна на Вашингтон на договорот за изградба на француски подморници за Австралија, јави дописникот на МИА.

Атал за БФМТВ уверува дека телефонската врска двајцата претседатели е закажана „за следните денови”, на барање на американскиот претседател, за да разговара за кризата на австралиските подморници.

– Влогот е повеќе стратешки отколку комерцијален, уверува портпаролот.

Макрон ќе бара појаснување. „Сакаме објаснувања за тоа што изгледа како голема повреда на довербата“.

Портпаролот зборуваше и за „моментот на шок и легитимен гнев“, но уверува дека владата сега сака „да најде начин за да оди напред со партнерите“.

– Без доверба, тоа не функционира, потсети тој.

Франција во петокот ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија, што е одлука без преседан меѓу овие два историски сојузници. Франција ги обвинува САД дека торпедирале профитабилен договор за француската поморска индустрија, кој предвидувал изградба на 12 конвенционални подморници во Австралија. Но, Канбера на крајот претпочита договор со САД и Велика Британија, обезбедувајќи си подморници со нуклеарен погон.

Извор: МИА

Морисон: Го разбирам разочарувањето на Франција за подморниците, но Австралија ги штити своите интереси

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот