Ле Дриен: Раскинувањето на договорот за подморниците е сериозна криза во односите

Фото: МИА

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриен синоќа како сериозна криза го оцени раскинувањето на австралискиот договор за набавка на подморници од неговата земја, што, наводно, е дел од новото стратешко партнерство САД-Обединетото Кралство-Австралија.

Тој за француските медиуми раскинувањето на договорот го оцени како „лага, лицемерие и презир“ кон сојузниците на Франција.

Запрашан за враќањето на консултации во Париз на француските амбасадори од Канбера и Вашингтон, Ле Дриан рече дека тоа е „сериозна криза” и додаде дека не било неопходно на консултациите да се повика и амбасадорот во Лондон.

– Ние го знаеме нивниот (британски) постојан опортунизам, иронично рече францускиот министер неколку месеци откако Велика Британија се повлече од членството во Европската унија (ЕУ).

САД, Велика Британија и Австралија неодамна објавија ново стратешко партнерство во Азиско-пацифичкиот регион, што значеше раскинување на договорот за испорака на француски подморници во Австралија.

Договорот, кој беше потпишан во 2016 година и вклучуваше купување на 12 подморници, а беше во вредност од 56 милијарди евра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот