Багдад го осуди одговорот на Анкара со воздушни напади во регионот на ирачки Курдистан

Абдул-Латиф Рашид / Фото EPA-EFE/AHMED JALIL

Ирак ги осудува повторените турски воздушни напади, како и присуството на турски бази во регионот на ирачки Курдистан и се надева дека ќе постигне договор со Анкара за решавање на овој проблем, изјави денеска ирачкиот претседател Абдул-Латиф Рашид.

-Ирачкиот народ, регионот Курдистан и сите Ирачани ги отфрлаат овие прекршувања, рече Рашид во интервју за државната телевизија Ал-Хадат.

Ирачкиот претседател изјави дека понекогаш во такви напади се убивани и цивили, вклучувајќи и посетители во регионот, кои „станале жртви на турските бомбардирања“.

Британските медиуми пренесуваат дека не е сигурно дали интервјуто е снимено пред или по турските воздушни напади.

Турција вчера соопшти дека извршила воздушни напади во северен Ирак и дека уништила 20 цели на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), откако милитантната група претходно ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара.

Претседателот Рашид е член на ирачката курдска партија ПУК, која има блиски врски со Иран и ги критикуваше нападите на Турција во северен Ирак. Рашид кажа дека Багдад се надева дека ќе постигне договор со Анкара за решавање на проблемот на начин сличен на безбедносниот договор што Ирак го потпиша со Иран за справување со иранските курдски сепаратистички групи во регионот на Курдистан.

Турција ги бомбардира курдските бунтовници во Ирак поради бомбашкиот напад во Анкара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот