Бадријани: Грузиски специјалитет со модар патлиџан и паста од орев

Бадријани, Фото: Инстраграм

Бадријани е силно зачинето грузиско јадење кое се состои од парчиња модар патлиџан кои се премачкани со паста од орев, а потоа се обликуваат во мали ролнички. Се служат како предјадење за епските вечери познати како супра, но тие се одлични и со пијалоци пред вечера. Кога се сервираат, ролничките се редат во чинија и се наросуваат со семки од калинка.

Бадријани, Фото Инстраграм

Потребни состојки:

– 2 средни модри патлиџани
– 200 грама орев
– 4 чешниња лук
– 15 ml (1 лажица) бел вински оцет
– 1 лажичка тилчец
– 1 лажичка мелен коријандер
– 1/2 лажичла лута мелена пипер
– 120 мл вода
– сол и бибер
– семки од калинка, за украс

Бадријани, Фото Инстраграм

Начин на подготовка:

Отстранете ги врвовите од секој модар патлиџан и исечете ги по должина на парчиња со дебелина од 5 мм. Наредете ги на плех и обилно посипете со сол. Оставете ги настрана околу 30 минути за да дозволите солта да ја повлече влагата од модрите патлиџани.

Во меѓувреме ситно сомелете ги оревите и додајте ги во сад. Изрендајте го лукот или исечете го многу ситно. Додадете оцет, тилчец, коријандер и пипер и измешајте да се соедини. Додадете 60 мл вода и промешајте, додавајќи повеќе вода (до 120 мл) доколку е потребно за да се олабави конзистентноста(треба да биде слична на хумус).

Исушете ги парчињата модар патлиџан. Во голема тава на средна топлина, загрејте неколку лажици масло и додадете парчиња модар патлиџан(веројатно ќе треба да пржите во серии). Пржете ги модрите патлиџани додека не омекнат и не поруменат, околу 3-5 минути по страна.

Префрлете ги во плех обложен со хартија и оставете да се изладат. Работејќи на едно по едно парче, намачкајте околу една лажица паста од ореви рамномерно на секое парче модар патлиџан. Свиткајте во ролат и повторете ја постапката со преостанатите парчиња модар патлиџан.

Украсете со семки од калинка и послужете.

Сара Павловска со идеја за здрав десерт: Какао бомбици со урми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот