Бабунски пред мечот со Грузија: Да бидеме поефикасни, да го покажеме нашиот квалитет

Тренинг на македонската А репрезентација на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ - Скопје/фото: ФФМ

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември) од групата „3“ во Лига на нации.

Репрезентативецот Дориан Бабунски смета дека сите фудбалери кои се наоѓаат во тимот треба да го покажат својот квалитет, иако сме соочени со многу откажувања на важни фудбалери поради повреда.

– Против Грузија во Скопје почнавме во одлично темпо, но тоа треба да го играме до крај, 90 минути. Неколку важни фудбалери ни недостасуваат, но мислам дека сите што сме тука ќе покажеме квалитет – вели Бабунски.

Потсетување дека на првиот меѓусебен меч во Скопје загубивме убедливо со 0:3 од Грузијците.

Македонија останува во трката за првата позиција која носи промоција во Лигата „Б“ и плеј-оф за пласман на Европското првенство 2024.

Најпрвин мора да се победи Грузија со три голови разлика, па да се оди на каков било триумф против Бугарите. Во наш прилог оди и победа од два или помалку разлика во Тбилиси, но во таков случај Гибралтар треба да ни направи „услуга“, односно да не биде биде поразен во последното коло против грузиската селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот