Бабунски не е повеќе фудбалер на романскиот Виторул

Фото: fcviitorul.ro

Денеска Виторул Констанца објави на својот клупски сајт дека клубот ќе го напуштат четири играчи…

Помеѓу нив е и македонскиот Давид Бабунски кој потпиша договор со оваа екипа во минатата зима, но нема да го одработи истиот до крај кој важеше до 2023 година.

Двете страни се одлучија за прекина на соработката, минатата сезона нашиот 27-годишен играч имаше 13 настапи во првенството каде што успеа да обезбеди опстанок.

Останува да се види каде Бабунски ќе ја продолжи кариерата, претходно беше дел од вториот тим на Барселона, па се пресели во Црвена звезда.

Играше во Јапонија за Јокохама Ф. Маринос и Омија Ардија, се врати на европско тло, во Романија со две сезони во дресот на Ботошани, пред да го облече дресот на Виторул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот