Бабиш: ЕУ да спречи Белорусија да помине како Чехословачка во 1968 година

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Европската унија да ги подржи протестите против реизбраниот претседател Александар Лукашенко во Белорусија за таа земја да не помине како Чехословачка во 1968 година.

„Тоа што се случува таму е апсолутна катастрофа. Сега се одлучува дали тие ќе завршат како кај нас Кадифената револуција во 1989 година за тоа да бидат слободни демократски избори, а не изманипулирани од диктатор или по вчерашниот телефонски разговор меѓу Лукашенко и Путин тоа  може да заврши како во 1968 година кога дојдоа руските тенкови и ја уништија Прашката пролет.“, рече Бабиш во своето неделно видео обраќање на Чесите на социјалните мрежи.

Бабиш рече дека некој во име на Европа мора да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин, а дека Европа мора да делува брзо и да им пружи поддршка на Белорусите за кај нив да не се повтори нешто како анексија на Крим или совиетската инвазија на Чехословачка во 1968 година.

„Европа мора да тргне во акција, не само да апелира, бидејќи не смее на шенгенската граница да се случи нешто неприфатливо. Бидејќи тоа што се случува во Белорусија, исклучување на интернетот, да не се дозволува на опозициските кандидати да учествуваат на изборите, апсење на новинари, тепање на луѓе, тоа е апсолутно неприфатливо“, рече Бабиш.

Тој порача дека Белорусија ја заслужува истата слобода и демократија каква што ја имаат Чесите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот