Бабиќ: Среќен сум што останувам во Е. Пелистер, целта е шампионскиот пехар

фото: РК Еурофарм Пелистер

Жељко Бабиќ денеска потпиша нов тригодишен дотовор со екипата на Еурофарм Пелистер со кој на тренерската позиција на битолчани ќе седи до 2024 година. Бабиќ на клупата на битолчани седна на почетокот од минатата година кога го наследи Стевче Алушовски.
– Уште на почетокот на нашиот разговор со професорот Стерјев, ја планиравме иднината и уште тогаш сакавме договор на подолг период. Уште тогаш бевме многу професионални и си дадовме време да видиме како ќе се снајдам во новата средина и клубот да ги види моите спосособности и дали со мојот профил одговарам за оваа средина. Јас сум задоволен од тоа како напредуваме и во организациска и во професионална смисла. Клубот е задоволен со мојот пристап кон работата и професионалноста. Радосен сум што сум дека од семејството Еурофарм Пелистер и сите ќе дадеме максимум за еден ден да го подигнеме тој пехар кој силно го посакуваме. За тоа е потребен процес, време и квалитетни одлуки. Некогаш во шега велам дека ќе останам во Битола се додека не го освоиме пехарот во националното првенство – изјави Бабиќ по потпишувањето на новиот тригодишен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот