Азербејџан демантира дека се повлекува од Нагорно-Карабах

Фото: twitter

Азербејџан ги негираше тврдењата на Москва дека ги повлекол своите сили од зоната низ која патролираат руските мировници во регионот Нагорно-Карабах.

– Нема промена во позицијата на азербејџанската армија во населбата Фарук, која е дел од суверените територии на нашата земја, соопшти синоќа азербејџанското Министерство за одбрана.

Москва го обвини Азербејџан дека го прекршил мировниот договор со упад во зоната и напад со беспилотни летала кон позициите на армијата на Нагорно Карабах.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека Азербејџан по преговорите ги повлекол своите сили од оваа област.

– Информациите за повлекување на единиците на азербејџанската армија од своите позиции се неточни. Нашата армија целосно ја контролира ситуацијата, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот