Еден Азар/Devils/Twitter

Азар: Фудбалот е минато, денеска повеќе сум таксист

Речиси три години минаа откако Еден Азар стави точка на богатата кариера, по турбулентниот период во Реал Мадрид исполнет со повреди и разочарувања.

Денес, 35-годишниот Белгиец со насмевка признава дека животот му изгледа поинаку.

„Мојот живот е прилично едноставен. Татко сум на пет деца, во моментов сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред. Одлуката ја донесов поради семејството, децата, времето и храната. Животот минува навистина брзо, особено во фудбалот. Вчера имав 19 години, а денес имам 35. Треба да се ужива во животот, не само во фудбалот, туку во сè“, изјави Азар во интервју за „Гардијан“.

Во разговорот се наврати и на периодот во Челси, кога работеше под палката на Жозе Мурињо.

„Отидов во Лил да гледам натпревар и на враќање го изгубив пасошот. Задоцнив и пропуштив тренинг. На следниот меч ме исфрли од тимот и ми рече дека тоа е моја вина“, раскажа Азар.

Како еден од најемотивните моменти во кариерата го издвои настапот на Светското првенство во 2018 година, кога како капитен ја предводеше Белгиска фудбалска репрезентација.

„Светското првенство во 2018 година беше неверојатно. Имав можност да играм со мојот брат. Да бидеш капитен на својата земја е нешто посебно. Чувствувавме дека Белгија во тие години беше неверојатна. Иако не ја освоивме титулата, денес многумина велат дека бевме подобар тим од Франција и тоа ме прави горд“, порача Азар.

Еден Азар објави крај на кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот