Авганистан: Ашрав Гани положи заклетва, Абдула одржа паралелна инаугурација

Политичкиот хаос во земјата се случува на само неколку дена откако САД потпишаа договор со талибанците за повлекување на меѓународните сили.

Авганистанскиот претседател Ашрав Гани положи заклетва за нов мандатар во претседателската палата во Кабул откако претходно повеќепати беше одложувана поради заканите на неговиот ривал Абдула Абдула дека ќе формира своја администрација… Како што и претходно најави за време на церемонијата во палатата во Кабул, Абдула одржуваше паралелна церемонија и одби да го признае новиот претседател.

Политичкиот хаос во земјата се случува на само неколку дена откако САД потпишаа договор со талибанците за повлекување на меѓународните сили.

САД претходно побарале одложување на инаугурацијата на Гани со цел да се одржат преговори со спротиставената страна но до тоа не дојде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот