Захарова: Ако Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на Русија

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Доколку претседателот на Франција Емануел Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската армија – предупредува портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Зборувајќи за изјавата на Макрон од февруари дека нема да ја исклучи можноста за испраќање француски војници во Украина, Захарова рече дека „карактеристично е Макрон да ја објасни оваа реторика со желбата да создаде некаква „стратешка неизвесност“ за Русија“, пренесуваат руските медиуми.

„Доколку Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот