Атина за декретот на Бајден: Грција ја поддржува европерспективата на Западниот Балкан

Фото: Unsplash

 Поддршката на Грција за европерспективата на регионот, ја повтори портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на декретот потпишан од американскиот претседател Џо Бајден и истакна дека „Грција не припаѓа на Западен Балкан, бидејќи е членка на НАТО и ЕУ”.

– Грција, како што знаете, цврсто ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, секако во корист на стабилноста на регионот. Ова прашање, како што знаете, се однесува на одново вклучување на регионот во американскиот систем за санкции. Оттука, сакам да потесетам дека Грција не припаѓа на Западен Балкан, членка е на Европската Унија и НАТО, рече Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, во одговор на прашањето на МИА за предвидените санкции вклучени во американската политика, а поврзани со регионот и Договорот од Преспа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот