Астролозите едногласни: Ова е најпаметниот хороскопски знак!

дневен хороскоп

Луѓето родени во овој знак постојано се во потрага по мудрост, секогаш го изразуваат своето мислење и ја зборуваат вистината дури и кога тоа не им оди во прилог. Токму поради таа огромна желба да ја кажат вистината, Водолиите и се сметаат за најпаметен знак во зодијакот.

Објективни се во изјавите и не дозволуваат емоциите да се мешаат во нивните постапки.

Водолијата е независна личност, а секој обид да и се ограничи слободата претставува провокација и прекинување на односот со неа. Самата слобода и независност се главните услови за среќа на овој знак.

Однадвор можат да изгледаат бездушно и ладно, но однатре се пријателски настроени и секогаш ќе се обидат да им помогнат на сите оние во кои гледаат искрен пријател. Сакаат кога луѓето околу нив се среќни, и секогаш ќе се обидат да направат се за сите околу нив да  се чувствуваат подобро, не очекувајќи ништо за возврат.

Единствено што им е навистина важно е да не им се ограничува слободата и да можат да живеат што подолго без обврзувања. Тие се познати „надарени“ визионери.

Водолиите секогаш бараат некоја корисна работа со што би го исполниле нивниот живот. Луѓето во овој знак се одлични социјални работници и психолози бидејќи лесно им е да комуницираат со луѓето.

Познати личности родени во овој знак:

Адријан (Хадријан) – 24 јануари, 76 г.
Фердинанд Магелан – 03.02.1488 г.
Галилео Галилеј – 15.02.1564. г.
Волфанг Амадеус Моцарт 27.01.1756 г.
Абрахам Линколн – 12.02.1809 г.
Чарлс Дарвин – 12.02.1809 г.
Фредрик Даглас – 14.02.1818 г.
Вирџинија Вулф – 25.01.1882 г.
Фреклин Д. Рузвелт – 30.01.1882 г.
Томас Едисон – 11.02.1847 г.
Чарлс Дикенс – 7.02.1812 г.
Боб Марли – 6.02.1945 г.
Михаел Баришников – 27.01.1948 г.
Опра Винфри – 29.01.1954 г.
Мајкл Џордан – 17.02.1963 г.
Кристиан Беил – 30.01.1974 г.
Ештон Качер – 7.02.1978 г.
Џастин Тимберлејк – 31.01.1981 г.
Кристиано Роналдо – 5.02.1985 г.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот