„Астра-Зенека“ ги објави резултатите од студијата: Терапијата со антитела не успеа да спречи развој на ковид 19

АстраЗенека Фабрика
Фабриката на АстраЗенека/ Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Англиско-шведскиот производител на лекови Астразенека во вторникот објави дека нивната терапија со моноклонални антитела, АЗД7442, не помогна во спречување на болест од ковид-19 кај луѓе кои биле изложени на коронавирус.

Компанијата соопшти дека во студијата учествувале невакцинирани лица постари од 18 години, кои биле во контакт со заразени во последните осум дена. Во споредба со плацебо, АЗД7442 го намали ризикот од развој на симптоми на коронавирус за 33 проценти, што не е статистички значајно, соопшти компанијата. Астразенека ја испитува ефикасноста на лекот и кај веќе заразени пациенти и во превенција на развој на потешки форми на болеста.

„Иако лекот не ја исполни примарната цел во спречување појава на симптоми, охрабрени сме од заштитата што терапијата АЗД7442 им ја пружи на учесниците со негативен ПЦР тест“, рече Мене Пангалос, извршен потпретседател за истражување и развој во Астразенека.

Владата на САД го поддржа развојот на АЗД7442.

Астразенека постигна договор со Соединетите Држави во март за испорака на половина милион дози на лекот, а во вторникот беше објавено дека во тек се преговори со американската влада за понатамошни чекори.

Ривалските компании Регенерон фармасутикалс и Ели Лили развија слични производи кои се состојат од моноклонални антитела и се одобрени за употреба во САД.

Терапијата со моноклонални антитела е класифицирана како група на лекови кои имитираат природни антитела, кои телото ги произведува во борба против инфекцијата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри терапијата со Регенерон и сега проучува слични лекови од Ели Лили, Целтрион и еден лек развиен од Глаксо-Смит-Клајн и Вир бајотехнолоџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот