Аргентинска новинарка лансираше „бомба“: Лионел Меси се враќа во Барса?!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се враќа на крајот од оваа сезона во редовите на Барселона, објави познатата новинарка Вероника Бругати, воедно и добра пријателка на Меси.
Таа на својот Твитер профил напиша дека Меси на 1 јули 2023 година ќе се врати во клубот во чиј дрес ги имаше најголемите успеси во својата професионална фудбалска кариера.
Моментно ги брани боите на францускиот првак ПСЖ со кој посакува оваа сезона да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
На 13-годишна возраст во 2000 година дојде во Барселона. Дебитираше во 2005 и за клубот одигра вкупно 520 натпревари и постигна 474 голови.
Меси подобро игра сезонава за париските „светци“, на 12 мечеви реализираше седум голови и запиша осум асистенции.
1 de julio de 2023, Lionel #Messi será jugador del Barça.
— Veronica Brunati (@verobrunati) October 4, 2022