Аргентина бронзена на Копа Америка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина успеа да го победи Чиле со 2:1 и да го освои третото место на Копа Америка. Аргентинците уште на самиот старт поведоа со 1:0, откако во 12. минута Меси одлично го проигра Серхио Агуеро на кого не му беше тешко да погоди. Само десет минути подоцна Пауло Дибала донесе водство од 2:0 за „гаучосите“.

Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси нема по добро да го памети дуелот со Чиле бидејќи во финишот од првото полувреме доби црвен картон поради инцидентот со Гари Медел.

Во второто полувреме, чилеанците преку Артуро Видал успеаја да намалат на 1:2 но немаа сили да дојдат до израмнување и да ја продолжат неизвесноста по што Аргентина со победата го освои третото место на Копа Америка. Во утрешното финале се среќаваат домаќинот Бразил и изненадувањето Перу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот