Арчи од Сасекс има право на кралска круна, но дали има шанса за тоа? (ВИДЕО)

арчи од сасекс
Фото EPA-EFE/Domic Lipinski / PA

Штотуку родениот Арчи од Сасекс (Арчи Харисон Монтбатен-Виндзор) теоретски е далеку од тронот. Но, во не толку далечната историја имало и исклучоци од ова правило.

Британската монархија ја води кралицата Елизабета Втора, која важи за монарх кој најдолго се наоѓа на владејачкиот трон. Таа неодамна стана прабаба на Арчи од Сасекс, син на принцот Хари и војвотката Меган.

Во линијата после нејзе се наоѓаат нејзините деца и внуци, а тронот се наследува по потомството на нејзиниот дедо кралот Џорџ Петти.

Всушност, Елизабета Втора никогаш не би била кралица, доколку на нејзиниот чичко, кралот Едвард Осми не му беше одземен тронот.

Тој се оженил со Волис Симпсон, Американка која била еднаш разведена, а поради кралот Едвард Осми се разведувала по вторпат.

Поради тоа, тој е и монархот кој најкратко останал на британскиот трон. По абдицирањето, тој ја земал титулата војвода од Виндзор. Се оженил со Симпсон и останале во брак до неговата смрт.

За крал бил крунисан дотогашниот војвода од Јорк, Алберт Фредерик Артур Џорџ, меѓу блиските познат како Берти. По крунисувањето, тој станал крал Џорџ Шести.

Со лејди Елизабет Боус-Лион добил две ќерки, сегашната кралица Елизабета Втора и принцезата Маргарет.

Во видеото погледнете како изгледа линијата за наследство на тронот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот