Апсење во Валона по пукањето во телевизијата „Топ чанел“, во кое беше убиен чуварот

Фото: Газета

Две лица се приведени од полицијата како осомничени сторители, поврзани со нападот со огнено оружје во зградата на телевизијата „Топ-чанел“ каде загина еден вработен од обезбедувањето.

Според албанските медиуми луѓето се по потекло од Скадар и се уапсени во Валона.

Истрагите за осомничените лица кои се вмешани во настанот продолжуваат. Вработените кои биле присутни во зградата во моментот на тешкиот инцидент се сослушани како сведоци.

Првичните информации говорат дека истрагата ќе се однесува на обвинението за „убиство во квалификациски околности“ на штета на Пал Кола вработен во обезбедувањето.

Адвокатката Ардита Соколи вели дека една од причините зошто можеби е одлучена истрагата по ова обвинение е затоа што сторителите „ги загрозиле животите на многу луѓе“.

Казната за ова кривично дело е од дваесет години до доживотен затвор.

Во нападот пукано е најверојатно со калашников, а другите куршуми кон зградата на Топ чанел (вкупно 25), освен што ја оштетиле главната фасада на телевизијата, ги загрозиле животите и на другите вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот