Антикорупциска го испитува цел имот на Иванов, не само становите на Водно

Никој досега не вршел каков било притисок за некој предмет во Државната комисија за спречување на коруцпијата. Доколку тоа се случи има законска заштита и за тоа ќе биде известено Собранието на Република Северна Македонија.

Ова го истакнува претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска во интервју за ТВ 24 вести одговорајќи на прашање поврзано со отворениот предмет за градоначалникот на Сарај за објектот на Матка.

-Досега ниту од премиерот, ниту од некој друг сме добиле некакви наредби или сме имале какви било притисоци. Доколку имаме такви ситуации тогаш си имаме законска заштита и за тоа ќе го известиме Собранието. Ќе известиме дека врз Антикориупциска се прават такви и такви притисоци. Досега немало и затоа не сме го искористиле тоа право, вели Ивановска.

Таа појасни дека во случајот со градоначалникот на Сарај, единствено постапиле само повикувајќи се на членовите што ги прекршил и не постапил по барањето за легализација на времен објект кој, како што рече, по сите закони нема основ да биде легализиран.

За предметот за можна корупција во тендер во М-НАВ, рече дека добиле поприлична документација што ќе бара многу работа и додаде дека ќе биде повикан и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски доколку има потреба за тоа што, како што вели, е наша пракса во досегашните предмети.

Истакна дека се работи на случајот и за становите на Водно на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и информира дека се испитува целиот негов имот, а не само тие станови.

Предметот, како што појасни може да се работи, бидејќи е отворен додека бил се уште на функција. Посочи дека не можат да работат на предмети што се однесуваат на поранешни функционери, но истакна дека за тоа има други институции во државата што можат да го прават тоа.

Во интервјуто најави дека Комсијата сигурно ќе бидат отворени предмети и за објектите од Скопје 2014. -Ако не биде есенва, сигурно ќе биде отворен следната година. Главната точка што ќе ја подготувавме за следната година ќе биде предмет за урбаната мафија, градежништвото и сигурно тука ќе си најде дел и проектот „Скопје 2014, рече Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот