Анти Ковид 19 правила за на плажа: Без дружби, на 6 метри дистанца!

Се поизвесно е дека ова лето, домашните туристички локации ќе бидат опцијата на граѓаните што сакаат да поминат некоку денови од годишниот одмор на плажа, особено откако Грција реши да ги затвори границите за Македонците барем до 15 јули. Домашните туристички оператори, веќе почнаа да ги нудат своите угостителски капацитети за туристите. На интернет може да се пронајдат хотелски понуди за Охрид, за седумдневни ангажмани, со термини за јуни јули и август. Цените се движат од 120 до 200 евра за седумдневни ангажмани со појадок и хотелско сместување, зависно од тоа со колку ѕвездички е хотелот. Во пресрет на летото, а со актуелната состојба со коронавирусот во земјава, Институтот за јавно здравје објави свои препораки за граѓаните, за тоа како да се заштитат себеси и блиските на плажа. Препораките се преземени од американски искуства и се однесуваат и на операторите на плажите и на самите граѓани. Охрид секој ден регистрира се повеќе заразени. Завчера имаше пет нови случаи во Охрид, а претходниот ден дури 10. Деновите претходно, имаше по седум и десет новозаразени. Слично е и во Струга, втората најзастапена опција на граѓаните за избор на летна локација за летување дома. Во Струга според информациите од ИЈЗ, до 28 јуни имаше регистрирано 57 случаи на коронавирус, а во Охрид 67.

Прочитајте и...  Шпанската провинција Галиција забрани пушење на улици и јавни места

Најнизок ризик да се заразат со коронавирус на плажа имаат луѓето што ќе останат најмалку шест метри подалеку од луѓето со кои не живеат, објави Институтот за јавно здравје. Сценариото во кое што посетителите и вработените на плажите не делат храна, опрема, играчки или материјали со луѓето со кои не живеат во исто домаќинство е најнеризично за ширење на заразата. Повисок ризик има доколку персоналот и посетителите на плажа се приближуваатпомалку од 6 метри до луѓето со кои не живеат, или ако споделуваат храна, опрема, играчки или материјали само со сосед од соседството. Ризикот е највисок ако вработените и посетителите на плажа слободно ја споделуваат својата храна, опрема, играчки или материјали со други, дури и со луѓе што не ги знаат. Од Институтот препорачуваат во вода да се одржува социјална дистанца, а на плажа да се носат покривки за лице кога дистанцата не може да се одржи. На сопствениците на плажите им се препорачува лежалките, чадорите, веслата, кајаците и перките за пливање кои треба да се исчистат и дезинфицираат, да се чуваат одвоени од веќе исчистените и дезинфицираните предмети. Персоналот и посетителите на плажите не треба да споделуваат предмети што тешко се чистат, санираат или дезинфицираат како очила, храна, опрема, играчки и матеирјали со оние со кои не живеат.

Прочитајте и...  Голем шумски пожар на грчкиот остров Икариа

Се препорачува да се ограничи употребата на бањите, а персоналот и посетителите на плажа да го делат превозот и транспортот само со луѓе во нивното домаќинство. На плажите треба да има препораки за миење на рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди, да се користат средства за дезинфекција на раце со најмалку 60 проценти алкохол, да се постават канти за ѓубре без допир и со капак, да се постават преносни станици за миење раце, за да се мотивираат посетителите и персоналот на плажа да ги мијат рацете.

,,Препорачајте им на персоналот и посетителите на плажа да се покриваат при кашлање, со марамче или да ја користат внатрешноста на лактот, искористеното марамче да го фрлаат во ѓубре и да ги мијат рацете веднаш со сапун и вода најмалку 20 секунди. Користете распрскувач за раце што содржи најмалку 60% алкохол, доколку сапун и вода не се достапни”, велат од ИЈЗ.

Прочитајте и...  Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Сите препораки се базирани на тоа што вирусот што предизвикува Ковид-19 се шири претежно од личност до личност, со респираторни капки ослободени кога заразено лице зборува, кашла или кива. Друго лице може да се зарази ако капките слетуваат во устата или во носот и евентуално ако капките се вдишат во белите дробови. Вирусот исто така може да се рашири на рацете од загадена површина, а потоа и на носот, устата или евентуално на очите. Инфицираните можат да го шират вирусот без оглед дали имаат симптоми.

Прочитај повеќе

Ахмети: Во пресрет сме на донесување големи одлуки

МИА Агенција

Научниците со спротиставени мислења: Дали коронавирусот може да се пренесе преку воздух?

Слободен печат

Заев го доби мандатот за составување на нова влада од претседателот Пендаровски

Слободен печат

Филипче: Комисијата предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава

МИА Агенција

Само шест отсто од жителите на Велика Британија имаат антитела на Ковид-19

Слободен печат

Отворете сметка или депозит во Халкбанк и добијте ваучер за да се почестите на наша сметка

СП.

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Винската индустрија пред колапс, бара поддршка од државата

МИА Агенција

За викендот нестабилно време со пороен дожд и грмежи

МИА Агенција

ВО ЖИВО: Пендаровски му го врачува мандатот за Влада на Заев

Слободен печат

Без струја утре жителите на општините Сопиште, Бутел и Центар

МИА Агенција

Турскиот брод „Оруч Рејс” излезе од грчкиот континентален гребен, но повторно се враќа назад

Слободен печат

КСС: Инспекторите да ги засилат контролите на спроведувањето на мерките за заштита од Ковид-19

МИА Агенција