АНСМ предупредува: Можни се нуспојави на лековите за Ковид – 19

Француската Агенција за лекови (АНСМ) предупреди дека е можно несакано дејство на лековите за Ковид-19, што се испитуваат и апелираше во ниту еден случај да не се земаат на своја рака.

Апелот на Агенцијата уследи откако во Франција се регистрирани три смртни случаи, што можат да бидат поврзани со тие лекови.

– Триесетина тешки нуспојави и три смртни случаи се пријавени досега кај пациенти заболени од новиот коронавирус, кои се лекувани со „Плакуенил” (хидроксиклорокин) и други лекови, како што е „Калетра” (антивирусна комбинација на лопинавир и ритонавир), изјави главниот директор на АНСМ, Доминик Мартин.

АНСМ пред 15 дена ги стави под „зајакната контрола” лековите за Ковид-19, што се во фаза на испитување.

Додека францускиот професор Дидие Раоу истакна дека посебно треба да се внимава на хирдоксиклорокинот во комбинација со антибиотикот азитромницин, кои ја потврдија „делотворноста” против новиот коронавирус.

Нивната комбинација го зголемува ризикот од нарушување на сцевиот ритам и може да предизвика срцев застој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот