Анкета: Повеќето американски избирачи не сакаат Бајден да се кандидира за втор мандат

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Повеќе од две третини од Американците кои гласаа за Претставничкиот дом не сакаат претседателот Џо Бајден да се кандидира за реизбор во 2024 година, покажуваат првичните резултати од националната излезна анкета, пишува Си-Ен-Ен.

Според анкетата, реализирана од „Едисон Рисрч” за потребите на Си-ен-ен, повеќе од 70 отсто од независните гласачи и околу 90 отсто од републиканските гласачи наведуваат дека не сакаат Бајден да учествува во кампањата за претседателските избори во САД, што треба да се одржат по две години. Помалку од 60 отсто од демократските гласачи сакаат тој да се кандидира за втор мандат.

Нешто помалку од 60 отсто од независните гласачи имаат негативен став за Бајден и приближно исто толку не ја одобруваат неговата работа како претседател. Меѓу демократските гласачи, само 10 отсто имаат негативен став за него, а малку повеќе не го одобруваат неговиот настап како претседател. Од републиканските гласачи, повеќе од 90 отсто имаат негативен став за Бајден и не го одобруваат како претседател.

Според истражувањето, две третини од независните гласачи и повеќе од 90 отсто од демократските гласачи имаат негативен став за поранешниот претседател Доналд Трамп. Од републиканските гласачи, повеќе од три четвртини имаат поволен став за него.

Си-ен-ен наведува дека независните гласачи сочинуваат околу една четвртина од електоратот, демократските гласачи речиси една третина, а републиканците малку повеќе од една третина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот