Анкета: Една четвртина од Италијанците веруваат во теории на заговор за Ковид-19

epa08691184 A doctor of the Casal Palocco Clinical institute checks the x-ray of the lungs of a hospitalized boy with COVID19 in, Rome, Italy, 23 September 2020. The Clinical institute, transformed into a hospital for COVID19 patients during the coronavirus emergency, reached zero cases during July. Hospitalizations and intensive care recovery for COVID19 at the COVID19 center in Casal Palocco, have increased since August reaching the peak in the last week and mainly concerns young people. EPA-EFE/Emanuele Valeri

Една четвртина од Италијанците веруваат во теории на заговор за епидемијата со Ковид-19, особено дека вирусот е создаден во лабораторија за да влијае на рамнотежата на силите во меѓународните односи или дека тој воопшто не постои и се користи како изговор за контрола на врз луѓето.

Според резултатите од најновата анкета, секој петти Италијанец или 20 проценти сметаат дека вирусот потекнува од лабораторија и бил намерно проширен за да влијае на рамнотежата на силите во светот, а пет отсто од испитаниците изјавиле дека новиот коронавирус воопшто не постои, но се користи како изговор за контрола на луѓето и економија.

Меѓу теоретичарите на заговор, 33 проценти сметаат дека вирусот е произведен од Кинезите за да ослабнат други земји, 21 отсто истакнале дека тоа го направиле големи интернет компании за да се збогатат, 20 проценти дека е создадено од светски елити за да наметнат здравствена диктатура и 16 отсто дека е создаден од мафијата за да се збогати и да ја зајакне својата моќ.

Што се однесува до вакцината, 44 проценти од испитаниците изјавиле дека сигурно ќе се вакцинираат, а 26 отсто само доколку вакцината е задолжителна. Додека 11 проценти одговориле оти нема да го сторат тоа дури и ако треба, а 19 проценти се уште не знаат што ќе одлучат.

Испитаниците се многу критични кон младите, за кои велат дека се главните преносители на новиот коронавирус

Така, 71 процент од нив изјавиле дека воглавно или целосно се согласуваат со проценката: „Денешната младина порасна во благосостојба, па дури и во време на Ковид-19 не се подготвени да направат никаква жртва за општо добро”.

Анкетата е изработена од СВГ (SWG) на примерок од 800 испитаници за телевизиската мрежа Ла7, со маргина на грешка од 3,4 проценти.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот