Анѓушев: Ќе се интензивира изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Денеска од Охрид вицепремиерот за економски пршања Кочо Анѓушев, најави дека наскоро ќе се интензивираат работите во изградбата на автопатот Кичево – Охрид.

Одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на Законот за енергетика и подзаконските акти, посочи дека техничките проблеми се надминати.

– Ги разрешивме и проблемите со договорите. Направивме заштеда од 90 милиони евра во тие договори. Сега очекуваме да се продолжи кредитирањето од Ексим банка, кое престана на 15 јануари. Финансирањето е спорно и тоа не зависи од нас, туку од кинеската Ексим банка. Деновиве очекуваме информации за тоа. Доколку тие информации не стигнат брзо ќе бараме други начини и патот ќе продолжи интензивно да се гради, рече Анѓушев, потврдувајќи дека рокот за реализација на проектот останува 2021 година.

Прочитајте и...  Колку се имотни пратениците: Милошоски има стан во Германија, а екс-пратеникот Димитриев поседува импресивна колекција на оружје

Во однос на последниот извештај на Државниот завод за статистика дека капиталните инвестиции во државата во првите пет месеци од годината не се на задоволително ниво, вицепремиерот нагласи дека проблемот е детектиран и очекува веќе следниот месец сериозно зголемување на инвестициите

– Проблемот е детектиран, се работи на зголемување на интензитетот на капиталните инвестиции и тоа веќе ќе го видите како сериозно зголемување на бројката со завршувањето на јуни. Она што сега го имате крај на мај, на крај од јуни ќе го имате како сериозно поместување. И во втората половина на годината ќе има сериозно поместување во реализација на капиталните инвестици. Реализацијата на капитални инвестиции се мери на годишно ниво и јас верувам дека годинава тие ќе бидат многу подобро реализирани од претходната, додаде Анѓушев.

Прочитајте и...  Уште двајца лекари починаа од Ковид-19

Прочитај повеќе

СЗО: Светот треба да се подготви за пандемија на коронавирусот

Слободен печат

Мета: Поднесов пријави против членови на „структурирана ќелија и опасна банда“

МИА Агенција

Харви Вајнстин прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување

МИА Агенција

Напад на талибанците во Авганистан, најмалку шест загинати

МИА Агенција

Здравствените власти во Хрватска тестираат шест примероци за коронавирус

МИА Агенција

Во воздушен напад врз пункт за набљудување во Идлиб загинаа 13 турски војници

МИА Агенција

Остави Коментар

дваесет − пет =

Прочитај повеќе

Глобалното ширење на коронавирусот ги стресе светските пазари на капитал

МИА Агенција

Европа трепери од коронавирусот во Италија, Македонија ги засилува граничните контроли

Слободен печат

Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс” ќе продолжи со редовни летови и кон Италија

Слободен печат

Анадолија: Најмалку 100 транспортни воени авиони на Хафтар му испорачаа речиси 6.200 тони оружје

МИА Агенција

Бектеши: Стратегијата за енергетика до 2040 година целосно ќе го модернизира и трансфомира енергетскиот сектор

МИА Агенција

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди јужна Италија

МИА Агенција