Англија без Рашфорд и Маунт против Италија и Украина

фото: EPA-EFE/John Sibley

Манчестер јунајтед објави дека Маркус Рашфорд, кој беше на теренот до 83 минута, доби удар во акцијата која му претходела на водечкиот гол на Фулам во 50 минута во рамките од ФА купот.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ поради повреда ќе го пропушти почетокот на квалификациите за Европското првенство 2024 и натпреварите на Англија против Италија во Неапол во четврток и против Украина на Вембли во недела.

Освен Рашфорд, кој оваа сезона постигна 30 гола за Јунајтед и Англија и беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата за февруари, англискиот селектор Герет Саутгејт нема да може да смета на играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт на натпреварите против Италија и Украина.

Фудбалерот на лондонските „сини“ до сега сезонава во Премиер лигата запиша 23 настапи и три погодоци.

Потсетување дека во квалификациската група „Ц“ се наоѓа и македонската А репрезентација која на 23 март во Скопје ќе биде домаќин на Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот