Ангеловски: Многумина се смееја кога станав селектор, на крајот дознаа дека бев во право!

Ангеловски остана без ангажман по завршувањето на Евро 2020/ фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Веднаш по настапот на македонската А репрезентација на Европското првенство, Игор Ангеловски ја информираше јавноста дека ја напушти селекторската клупа.

Од неговото заминување се шпекулираше дека би можел да ја продолжи тренерската кариера во Италија, Турција, а во изминатиот период и во Хрватска. Се поврзуваше со клупата на хрватскиот клуб Хајдук, но не се дојде до договор. Како што е веќе објавено, Литванецот Дамбраускас ќе го води клубот од Сплит.

И натаму не е познато кој би бил следниот предизвик на Ангеловски на клупски план, од претходно само се знае дека беше тренер на Работнички.

Во интервјуто за „sportske.jutarnji.hr“ не сакаше да зборува околу шпекулациите и дека беше меѓу кандидатите за тренер на Хајдук. Зборуваше во најголем дел за А репрезентацијата на Македонија.

– Секако, најголемиот момент во кариерата ми беше со репрезентацијата. Македонија никогаш во својата историја не играла на големи натпреварувања. Водев национална селекција која успеа да го оствари сонот на сите генерации и горд сум на тоа. Секако дека беа најзаслужни беа играчите за пласманот на ЕП. Сè на сè, тоа беше проект кој траеше речиси шест години. Успеав да бидам селектор на репрезентацијата која испиша историја за македонскиот фудбал – рече Ангеловски.

Му беше потребен одмор, а сега доби прашање дали е подготвен за нов тренерски предизвик.

– Мислам дека се одморив, но навистина ми требаше пауза бидејќи селекторската работа е многу стресна. Работев на функција од која целата нација имаше огромни очекувања, сите сакаа да доживеат голема радост. Имаше различни пречки на патот што требаше да се надминат. Бев фокусиран на тоа што го правам, верував во тоа што го правам. Кога станав селектор, многумина се смееја. Македонија тогаш беше 150-та на ранг-листата на ФИФА. На првата прес-конференција кажав дека сум дојден да ја однесам Македонија на ЕП. Мислам дека сите тогаш се сомневаа дека ќе успеам. Никој не веруваше и на крајот дознаа дека бев во право – се зборовите на Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот