Ангеловски: И отказот е дел од нашата работа, но не сум човек кој се откажува

Игор Ангеловски и натаму ја чека првата победа со Горица/фото: instagram.com/hnk_gorica

Горица е зацементирана на дното на табелата во најсилниот хрватски шампионат откако забележа нов пораз, овојпат на домашен терен од Риека, која победи со 2:0.

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски сè уште ја чека првата победа на клупата на Горица.

– Не го очекувавме овој пораз, бидејќи беше директен ривал. Значењето на натпреварот беше лесно одлучувачко за овој резултат, психолошкиот притисок што го чувствуваа моите играчи исто така се чувствуваше и на играта. Мислам дека ова е еден од најслабите натпревари откако сум на клупата на Гориче. Во изминатите натпревари создававме повеќе шанси за гол, сега против Риека имавме една или две. Тимот што дава гол има психолошка предност, Риека успеа и им честитам на тоа – рече Ангеловски.

Неизбежно прашање по ваквата серија лоши резултати е дали Ангеловски стравува за својата позиција.

– И тоа е составен дел од нашата работа. Сепак, јас не сум човек кој се откажува и мислам дека сега кога е најтешко, сите во клубот мора да застанат заедно и да направат сè за да направиме позитивен резултат во следниот дуел. Само треба да се концентрираме на тоа – вели Ангеловски.

Играчите очигледно се во грч и под голем притисок по серијата лоши резултати. Наредниот лигашки меч Горица ќе го има на 15 октомври дома против Хајдук Сплит на нашиот репрезентативец Јани Атанасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот