Ангеловски: Целта е освојување на трите бода против Естонија

фото: ffm.mk

Најдобрата македонска А репрезентација веќе е со мислите кон третиот натпревар од новото издание во Лигата на нации в недела од 18.00 часот во „Ле Кок Арената“ во Талин ќе ги одмери силите против Естонија.

На стартот триумфиравме дома над Ерменија (2:1), а во Тбилиси ремизиравме 1:1 со селекцијата на Грузија.

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски вели дека големиот триумф над Косово е веќе заборавен, фокусот е веќе насочен кон следниот предизвик и се надева дека ќе продолжат добрите резултати во Лигата „Ц“.

– Се подготвуваме како и за секој друг натпревар. Мечот против Косово веќе е зад нас и целосно сме фокусирани на утрешниот натпревар. Стартувавме добро во групата од Лига на нации и нашата цел е освојување на трите бода на утрешниот дуел. Квалитетот на моите фудбалери ми дава право да верувам дека ќе успееме, навистина сум среќен што работам со оваа група на фудбалери кои на секој следен натпревар ја потврдува својата вредност.

Сите се ставаат во функција на тимот и на тој начин ги покриваме и проблемите кои ги имаме со повредени фудбалери. Го почитуваме противникот, имаат добри фудбалери, Туњов од Спал, Васиљев од Флора и треба да бидеме максимално внимателни – изјави селекторот Ангеловски.

Лига на нации

Лига „Ц“ (група „Ц2“)

(11 октомври, недела)
3. коло, двојки –

18.00 часот Естонија-Македонија
18.00 часот Ерменија-Грузија

Табела:

1.Македонија 4 бодови
2.Грузија 4
3.Ерменија 3
4.Естонија 0

(14 октомври, среда)
4. коло, двојки –

20.45 часот Естонија-Ерменија
20.45 часот Македонија-Грузија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот