Ангеловска: Секој граѓанин со впишување на матичниот број ќе може да провери дали и колку му следува финансиска поддршка

Платежните картички и средствата граѓаните ќе ги добијат во периодот јуни-јули.

Платежните картички и средствата граѓаните очекуваме да ги добијат во периодот јуни-јули, како што стои во пакетот, додека ваучерите за туризам граѓаните би ги добиле јуни, најдоцна јули, а предвидено е да се користат до крајот на 2020 година, соопшти денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа посочи дека уредбите за користење на овие мерки се очекува да бидат доставени и усвоени до крајот на следната недела.

Електронски платежни картички, појасни Анегловска, ќе бидат сетирани така што нема да може да се подигнуваат средства од банкомати и ќе бидат исклучиво наменети за купување домашни производи, додека со МИОА се работи на тоа секој граѓанин да може со впишување на матичниот број да провери дали и колку му следува финансиска поддршка.

Во однос на таргет групите кои ќе ги добијат електронски платежни картички, Ангеловска рече дека првата мерка 9.000 денари финансика поддршка се однесува на невработени лица, активни баратели на работа со до 15 илјади денари месечни примања согласно податоците од УЈП, потоа вработените со примања до 15 илјади денари и младите, студенти и средношколци.

Во однос на мерките за стопанството, Ангеловска рече дека во програмата на владата има 150 милиони евра, од кои 25 милиони евра за платежната картичка, 60 до 65 милиони евра за поддршка на работодавачите за исплата на плати и дополнителни 50 милиони евра кои ќе се насочат за дизајнирање и креирање на навремени мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот