Анета Марковска: Гаро ме спаси од сигурна смрт

Фото: Приватна архива

„Не се мрда и готово. Моравме да се вратиме дома, односно во викендицата во Црешево. По неколку часа, ги чувме вестите за кобниот Велики четврток – петократното убиство кое се случи точно во моментот кога ние требаше да пристигнеме на Смилковско Езеро“.

Додека Анета Марковска од Скопје ми ја раскажуваше нејзината приказна за кучето кое ја спасило од сигурна смрт, ме лазеа морници. Кога ми кажа дека сака да ја сподели приказната, ни оддалеку не насетував дека ќе биде ваква. Тажна, претажна, а повторно среќна, пресреќна. Измешани емоции додека ја слушав како ми раскажува, измешани чувства и сега додека ја прераскажувам.
Анета Марковска / Приватна архива

Сите од семејството Марковски се луѓе кои сакаат да спасуваат улични животни и не се од оние кои се фалат со тоа. Ниту ова нема да биде сторија за фалби и поклонување пред нивната хуманост, туку за благодарност кон едено од кутренцата кое го вдомиле. Приказнава е длабок наклон на Анета кон Гаро.

Фото: Приватна архива
Гаро дента кога е пронајден на депонијата

Судбинска средба

Марковски имаат викенд куќа во скопско Црешово. Во близина на селото има депонија и кутренцата кои се обидувале да ги спасат, најчесто ги наоѓале фрлени во ѓубрето. Таткото на Анета најмногу бил разочаран и тажен, бидејќи, кога и да земеле кутре од таму, по некое време, кутрето умирало, сеедно што давале сè од себе да го излекуваат и спасат. Кога еден ден таткото пронашол фрлено бебе кутренце, „заробено“ во кутија, го ослободил и одлучил: „Можам само да те ослободам од оваа кутија, но не можам да те земам и да тагувам ако те загубам“.

Фото: Приватна архива/ Гаро по лекувањето
Фото: Приватна архива

 Неколку часа подоцна, со автомобил возев кон викендицата и од депонијата истрча пред мене едно мало слатко кутре. Буквално ми застана пред кола. Се разбира, го запрев автомобилот и го одведов во куќата. Татко ми, во негов стил, повеќе поради емотивност и заштита искоментира нешто во стилот: „Аман Ане, пред два часа јас го најдов и го оставив, сега ти ми го носиш дома. Повторно ли да тагуваме ако умре?“ Му ветив дека ќе го вдомам кај некого, раскажува Марија за првата средба со Гаро.

И успеала…Гаро го вдомила некоја Кумановка која постојано била во контакт со Анета и ја убедувала дека кутрето е добро и се грижи за него „со сите нишани“. Но, за среќа, на лагата ѝ се „кратки нозете“. По 8 месеци го видела Гаро објавен на Фејсбук од две активистки кои го пронашле во Радишани. Веднаш го препознала, бидејќи Гаро има дисплазија и криви со задната нога. Немало двоумење, Гаро конечно станал дел од семејството Марковски.

Гаро кога е пронајден во Радишани / Приватна архива/
Гаро кога е пронајден во Радишани / Приватна архива

НЕ, не одете кон Смилковско Езеро!

– Гаро постојано беше со мене, каде и да шетав, се знаеше дека доаѓа и тој. Никогаш не се бунеше колку и далеку да пешачиме…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот