Android предупредува: Се појави вирус кој што не може да се избрише од вашиот телефон, дури ни со фабричко ресетирање

Штотуку е забележан со посебен „синџир“ на малициозен софтвер, кој има можност повторно да се инсталира, откако ќе го избрише од Android телефонот, но и со тоа е речиси невозможно да се ослободите.

Овој малициозен софтвер е познат како „xHelper“ и прв пат беше забележан во март, пет месеци подоцна зарази 32.000 телефони.

Овој месец, бројката достигна 45.000 заразени уреди со Android оперативниот систем.

Малверот прикажува „попап“ реклами и известувања кои создаваат приходи на луѓето што стојат зад нив, а во некои случаи бараат од сопственикот на телефонот да инсталира платени страници со кои потоа им даваат дел од заработката на креаторите на малициозениот софтвер.

Откако ќе се најде заразената апликација на телефонот, со неа како посебна датотека се инсталира и „xHelper“ тројанецот, а со бришење на оригиналната апликација не може да го решите овој проблем.

Всушност, невозможно е да се ослободите од овој проблем, затоа што не помага ниту и фабричкото ресетирање на уредот.

Ова е мистерија за професионалците во областа на безбедноста затоа што велат дека „xHelper“ не го менува оперативниот систем „Android“ или системските апликации.

Додека експертите велат дека некои верзии на мобилен антивирусен софтвер можат да го избришат, се чини дека постои борба меѓу креаторите на овој тројанец и луѓето кои работат на заштита на нашите уреди од вируси.

Но ниту ова не е крај, бидејќи луѓето што стојат зад овој вирус можат да го модифицираат тројанецот за да го ослободат специјален малициозен софтвер кој ќе украде важни податоци од телефонот.

Совет, „xHelper“ може да биде прикачен на било која апликација што ќе ја преземете надвор од продавницата за апликации „PlayStore“ на „Google“, така што ако навистина треба да го направите тоа, проверете дали апликацијата на програмерот има стекнато доверба од корисниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот