Андов: Во Кочани против секого на победа, навивачите се нашиот 12 играч!

фото: fkosogovo.com

Да потсетиме, екипата од Кочани во ланската сезона од 24 коло на Третата лига – Исток ремизираше во Свети Николе против Овче Поле (1:1) и на три кола до крајот тимот имаше шест бода предност во однос на останатите, натпревар повеќе и така се закити со титулата шампион. Тоа воедно значеше само едно, враќање во 2МФЛ Исток.

Ова лето играчите на ГФК Осогово предводени од тренерот Александар Андов ја темпираа формата преку одржување на тренинзи и секако одигрување на пријателски мечеви. Ремизираа со Кадино (0:0) и Плачковица (0:0), порази од Беласица (1:2) и Слога Виница (2:3), а беа подобри од Победа (6:0) и Каменица Саса (2:0). Токму дуелот со Каменица Саса беше последен тест, во тоа славје стрелци беа Костовски и Додевски.

– Одигравме шест контролни натпревари и мислам дека можеме да се подобриме уште во играта и да постигнуваме позитивни резултати на секој натпревар. Амбициите оваа година се на секој натпревар го даваме максимумот од нас и да се надигруваме со секој. Не сакаме да имаме товар и притисок за да мора нешто конкретно да постигнеме, но мислам дека ова ќе биде успешна сезона за ГФК Осогово – ни изјави Андов, тренерот на ГФК Осогово.

Веќе е познато кој ќе им биде првиот ривал во првото коло од шампионатот, тоа е составот на Питу Гули, а во второто е локалното дерби со Брегалница во Штип. Веќе в среда ги очекува дуелот од 1/16 финалето во Купот на Македонија в среда (21 август) од 17.00 часот против прилепска Победа на Стадионот „Никола Мантов“ – Кочани.

– Во Купот ќе пробаме да го поминеме првото коло и да ја елиминираме Победа. Иако на контролниот меч против нив триумфиравме со 6:0, ова ќе биде сосема поразличен меч за двете екипи и се надевам дека ние ќе бидеме тие кои ќе славиме на крајот. Што се однесува до првото коло во шампионатот против екипата на Питу Гули, играме во Кочани и се надевам на успешен старт на сезоната со победа против тимот од Крушево за кој немаме многу сознанија со каков квалитет располага. Но, ние како клубот особено на Градскиот стадион во Кочани против секого ќе одиме на победа со цел да ги израдуваме нашите навивачи кои се нашиот 12 играч на секој натпревар – додаде Андов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот