„Напред Осогово“: Македонски второлигаш во стилот на европските гиганти!
Еден од најголемите и најпознати фудбалски клубови во Источна Македонија, во новата сезона се очекува на „Никола Мантов“ во Кочани дерби дуелите против Брегалница, Беласица, Тиквеш..секогаш привлекуваат внимание.
Препорачано
Еден и од ретките кои имаат клупски сајт, ФБ профил и сите останати социјални мрежи за своите верни фанови и љубители на фудбалот.
Секогаш со редовни информации, фотогалерии, најава за нови натпревари, објавување на нови трансфери, не само на македонски, туку и на англиски јазик, видео записи од нивните тренинзи, изјави на англиски јазик, како во стилот на најголемите европски клубови. Па и поголем дел од нашите прволигаши не можат да се пофалат на таков начин…
Најново е тоа што првите луѓе на овој фудбалски второлигаш од Кочани одлучија да пуштат во продажба сезонски билети во акција наречена „AVANTI OSOGOVO“, односно „Напред Осогово“.
Во летните подготовки ги играат пријателските натпревари преку кои се темпира формата, а погледнете само еден од тие резултати, Осогово-Победа 6:0. Тоа доволно говори за високите амбиции, играчите мотивирани да се борат до крајот на сезоната за прволигашки статус.


