Андов: Курти треба да ги продолжи досегашните односи меѓу Скопје и Приштина

Поранешниот претседател на Собранието и познавач на политичките случувања во регионот, Стојан Андов, во изјава за Слободен печат, вели дека очекува новата Влада на Косово предводена од Курти да не го промени текот на надворешната политика на Приштина кон Македонија.

– Ние имаме добри односи со Косово. Курти внесе некои нови работи во политиката кои може да внесат немир во односите. Ова носи штета двострано. Треба да ги продолжи досегашните односи, кои се негуваат меѓу двете земји и пред да дојде тој. Треба да се држи на тоа што било долго време со Косово. Ние многу рано ја признавме независноста на Косово, меѓу првите. Тоа треба да го знае тој. Имаме и договор за границите и други слични договори потпишани. Трба да води сметка и за тоа – вели Андов.

За најавите дека партијата на Курти, Самоопределување ќе делува во Македонија, Андов смета дека треба да се откаже од таа намера, бидејќи токму тоа ќе го смени текот на настаните во односите меѓу двете земји.

– Не треба да отвора партија во Македонија. Треба да се воздржи од тоа. Тој се обидува некои работи да прави овде, гледам со Села го прави тоа, но тоа не му чини – нагласува Андов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот