Фудбалерки/ФФМ

Андора немоќна во Битола, прва победа за фудбалерките во мундијалските квалификации

По поразот од Азербејџан во првото коло, женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска славеше победа во Битола и убедливо ја совлада селекцијата на Андора со 3-0.

Македонските фудбалерки имаа целосна контрола на теренот и заслужено стигнаа до триумфот, а со оглед на бројните создадени можности победата можеше да биде и поубедлива.

Резултатот го отвори Теона Галабовска во 17. минута од натпреварот. Само три минути подоцна таа се најде во улога на асистент, а мрежата ја затресе Симона Мејер за водство од 2:0. Со таа предност избраничките на селекторот Андов заминаа и на полувреме.

Конечните 3:0 ги постави 17-годишната Меланија Грозданова, која во 83. минута постигна убав погодок.

Во следното коло, на 14-ти следниот месец, Македонија повторно ќе игра пред домашната публика, а противник ќе биде Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот