Андоновиќ: Ѓукановиќ ги обвини Москва и Белград дека ја користат СПЦ како последен адут за остварување на руското влијание на Балканот

epa08326924 President of Montenegro Milo Djukanovic (R) arrives for an inspection of the Clinical Center of Montenegro in Podgorica, Montenegro, 27 March 2020. Health authorities in the small Western Balkan country have reported 67 confirmed cases of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus, as well as one death so far. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Ѓукановиќ смета дека Црногорската црква е нова реалност. Тој оцени дека во историјата Црногорската црква исчезнала кога престанала да постои и Црногорската држава.

И покрај најавите, Црна Гора не треба да размислува за одложување на изборите, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Оваа изјава Ѓукановиќ ја даде по повод најавите и размислувања во јавноста дека е можно одложување на редовни парламентарни избори во Црна гора закажани за 30 агуст, поради растечкиот број на заразени од коронавирусот.

Ѓукановиќ смета дека во наредните недели, здравствените власти ќе го стават под контрола ширењето на заразата на коронавирусот и затоа, како што вели, нема простор за одложување на изборите. Црна Гора изминатиот период имаше растечки број на новозарзаени од коронавирусот, што ја стави прва на листата држави во Европа, на заразени по глава на жител.

Ѓукановиќ ги коментираше и протестните литии, кои повеќе од три месеци дефилираат низ улиците на црногорските градови во знак на протест поради обидот на владата во Подогорица да го донесе на сила законот за слобода на вероисповед, а кој, Црнгорско-Приморската епархија, го протолкува како обид за одземање на имотот на СПЦ во Црна Гора.

Протестните литии, Ѓукановиќ ги оцени како последен адут на Белград и Москва кои преку СПЦ сакаат да направат од Црна Гора упориште за руско влијание на Балканот. Српската православна Црква е последниот адут на Москва и Белград за да се обидат да го повторат она што пред 4 години се обидоа, а не успеаја, изјави Ѓукановиќ алудирајки на настаните кои се случија во пресрет на минатите парламентарни избори, кога беше оневозможен обид за државен удар врз влстите во Подгорица, од страна на безбедносно-разузнавачките структури на Србија. Тогаш Белград беше обвинет дека по налог на Москва се обидува да го оневозможи влезот на Црна гора во НАТО.

Ѓукановиќ смета дека Црногорската црква е нова реалност. Тој оцени дека во историјата Црногорската црква исчезнала кога престанала да постои и Црногорската држава. Со обновувањето на државноста на Црна гора во 2006 година логично е и црквата да ја врати својата афтокефалност и да ги обедини сите православни верници во земјата, вели Ѓукановиќ.

Проследете ја целата анализа на Дејан Андоновиќ:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот